Казнети 443 лица поради неносење заштитна маска

Во текот на изминатото деноноќие во однос на мерката за носење заштитна маска регистрирани се 443 прекршоци, информираат од МВР.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.