Казнети 197 возачи за еден ден во Скопје

Полициски службеници во текот на вчерашниот ден (16.05.2023) имаа контроли во областа на сообраќајот.

-На територија на град Скопје изречени се вкупно 197 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 55 санкција, 10 мерки за возење без возачка дозвола, 13 санкции за непрописно престројување на возила. Изречени се четири мерки за некористење сигурносен појас, четири санкции минување на затворен сигнал (црвено светло), информираат од МВР.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.