Казнети 162 возачи во Драчево

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (17.06) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на Драчево изречени се вкупно 162 мерки, меѓу кои за меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 72 санкции, 20 за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), 14 за возење без возачка дозвола, 10 за нерегистрирани возила.

Изречени се и 11 санкции за користење мобилен телефон, 10 прекршоци што ги чинат возачи на мотоцикли, 11 за некористење сигурносен појас.

-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, информира МВР.