Казнети 152 возачи во Скопје, 99 за брзо возење

На територија на Скопје вчера се изречени вкупно 152 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 99 санкции, шест мерки за возење без возачка дозвола, 12 санкции за возење под дејство на алкохол.    

Изречени се три мерки за нерегистрирани возила, три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), 2 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл...

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопшти МВР.