Казнети 14 пешаци во Скопје

Од МВР соопштија дека вчера од сообраќај се исклучени 17 возачи од кои 15 немале возачка дозвола, а двајца возачи затоа што биле возачи-почетници. Исто така исклучени од сообраќај се и 12 возила бидејќи биле нерегистрирани.

Санкционирани се четворица возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, двајца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, еден поради неправилно престројување, осум поради непоседување пропишана зимска опрема, двајца возачи поради неносење сигурносен појас при управување на моторно возило и тројца возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.

Во текот на изминатиот ден 59 возила се подигнати со специјално возило „пајак“.