Казнети 136 возачи во Скопје, 11 за брзо возење

Вкупно 136 мерки се изречени во текот на вчерашниот ден на територија на Град Скопје во засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. Од нив за возење повеќе од дозволената брзина се 11 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за непочитување на првенство на минување.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, изречени се пет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), три санкции за возење под дејство на алкохол…

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се вели во соопштението од МВР.