Казнети 134 возачи во Скопје, 50 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи вчера на територија на град Скопје изрече вкупно 134 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 50 санкции, пет мерки за возење под дејство на алкохол, 22 санкции за возење без возачка дозвола.

-Изречени се четири мерки за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), девет мерки за нерегистрирани возила…, информираат утрово од МВР.

Полицијата апелира граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.