Казнети 1022 лица за неносење маски

Од страна на полициските службеници до сега констатирани се вкупно 12399 прекршоци за неносење лична заштита на лицето од кои 1022 прекршоци во изминатото деноноќие.

Во координација со Државниот пазарен инспекторат извршени се 388 контроли во објекти при што евидентирани се 3 објекти кои не ги почитувале одлуките на владата.

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на целата држава на вкупно 231 лица им се издадени решенија за изолација, а 161 лица потпишале изјави за самоизолација.

Во државен карантин спроведени се 105 лица.