Казнета фирмата сопственик на шлеперот кој турна дрво и оштети автомобил

Вчера, во близина на трговскиот центар Рамстор, службено возило шлепер турна дрво, кое пак падна врз автомобил во движење. Денеска од Град Скопје известуваат дека сторителот и компанијата која е сопственик на шлеперот се парично казнети.

Покрај тоа, тие се задолжени да засадат барем уште 10 нови дрвца, како дел од преземањето на општествена одговорност по настанот.