
Комуналната и градежната инспекција на Општина Карпош продолжува со вонредни инспекциски контроли, со посебен акцент на вечерните часови. Во рамки на последните теренски надзори, инспекторите извршиле контрола на урбаната опрема поставена пред угостителските објекти и локали на територијата на општината, информираа од локалната сампуправа на Карпош.
При контролите биле констатирани неправилности кај неколку угостителски објекти. Изречена е една глоба за правен субјект, а издадени се и повеќе опомени поради отстапувања од одобрениот Елаборат за урбана опрема.
Од Општина Карпош апелираат до сопствениците на угостителските објекти доследно да ги почитуваат законските одредби и условите утврдени со елаборатите за поставување урбана опрема.
Инспекциските контроли ќе продолжат и во наредниот период со цел обезбедување почитување на прописите и уредно функционирање на јавниот простор.