Казна за навредите на Арнаутовиќ: Еве како УЕФА го санкционираше неговото однесување

УЕФА и официјално започна истрага против играчот Марко Арнаутовиќ, кој во дуелот со Македонија упати навредливи зборови кон репрезентативецот Алиоски. 

Исто така, тој ќе биде суспендиран еден натпревар, односно нема да игра во следниот меч во Ц-групата. 

Алиоски пак, изјави дека не сака да шпекулира и дека можно е да слушнал погрешно во целата таа бучава, па рече дека ќе остави на надлежните тела на УЕФА да го истражат овој случај и да одлучат дали и како би го казниле Арнаутовиќ. 

– Суспензија за играчот од австриската репрезентација, Марко Арнаутовиќ од еден натпревар, односно за следниот натпревар под капата на УЕФА за навреда на друг играч.

Така, Австријците ќе настапат без Арнаутовиќ на дуелот против Холандија утре од 21.00 часот во Амстердам, но ќе го имаат на располагање за мечот со Украина.