Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со слаб ветер од северен правец.Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 28 степени. Релативно топло ќе се задржи до понеделник.
Во сабота ќе има мала до умерена облачност, а од недела ќе следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои во вторник ќе бидат проследени со засилен северен ветер и значително спуштање на дневната температура.