Кажете им збогум на студените стапала - 7 совети за загревање

При самото споменување на зборот „студ“, кај многумина предизвикува непријатно чувство кое се споредува со „мрзнење на крвта во жилите“. Имено, голем број луѓе во овој зимски период мака мачат со студени стапала.

Студените стапала обично се последица на слаба циркулација, на што е многу тешко да се влијае само со надворешни затоплувачи како што се волнените чорапи и сувите, топли обувки... Проблемот треба да се решава и внатрешно, со правилна исхрана и чаеви.

Студенилото во стапалата не е единствен симптом за слаба циркулација; на овој проблем упатуваат и други промени во телото како што се: грчеви во листовите и прстите после пешачење, болни колена и глуждови, како и виолетова површина на кожата.

Лошата циркулација е предизвикана од пореметување во работата на лојните жлезди, при што настануваат инфекции и повреди на кожата, посебно за време на зимскиот период кога времето е постудено. Најдобрите забрзувачи на циркулацијата се конкретните промени во исхраната, како и бањите со билки.

1.Обувките зимно време треба да бидат водоотпорни и суви, но пред се комотни, за да биде овозможена нормална циркулација. Најважно е да се одбегнуваат синтетички материјали кои го поттикнуваат потењето на стапалата, а потоа и нивно ладење поради влажното опкружување.

2.За да може крвта нормално да циркулира, неопходно е да се пие препорачана количина вода. Доколку телото е жедно, циркулацијата станува отежната. Нормалната циркулација подразбира пиење на околу 1,5-2 литри дневно, поточно 30 милилитри на секој килограм телесна тежина. Почесто треба да се консумираат топли напитоци, а да се одбегнуваат оние кои содржат кофеин, бидејќи влијаат врз стегањето на крвните садови.

3.Некои намирници можат многу да помогнат во подобрувањето на циркулацијата: лук, маслиново масло и црно вино, овошје богато со витамин Ц. Сите тие го подобруваат дотокот на крвта во капиларите. Сојузници кои ја „буткаат“ крвта низ крвните садови, можат да бидат и: јаткасти плодови, цимет, ѓумбир, семки од тиква кои содржат витамин Е, Б3 и нијацин.

4.Две бањи, една топла и една студена, се најдобар начин за подобрување на циркулацијата, и тоа со наизменично потопување на стапалата во едната а потоа во другата. Овој метод многу благотворно делува врз циркулацијата и го подобрува непреченото движење на крвта низ садовите.

5.Бањите со шампон најдобро е да се одбегнуваат и да се користат само домашни, со билки, како што е копривата. Во 5 литри вода потребно е да се потопи една чаша корен од коприва и две чаши лист од коприва, па да се остави преку ноќ. Потоа течноста треба да се проврие, процеди и да се користи како бања. Најдобар ефект ќе покаже во периодот од половина час потопени стапала во оваа бања.

6.Напитокот кој ќе го надомести недостигот течности во телото и целно ќе ја забрза циркулацијата на крвта низ организмот е чајот од див костен. Во мелница се ситнат 10 грамови див костен (плод) па содржината се прелива со 1 литар вода. Се загрева на тивок оган, а кога ќе проврие се вари уште 5 минути. Се процедува и се пие трипати дневно, по еден филџан.

7.Масажа на стапалата е тешко да се примени во текот на работните часови додека сте на работа, па затоа е најдобро да се послужите со следниот трик: Во шише од половина литар налијте врела вода, но не до самиот врв, па затворете го со капаче. Собујте ги обувките, па преку чорапите тркалајте го шишето со стапалата.

air max 90 essential sale