Кажете им збогум на овие луѓе во вашиот живот

Кажете им збогум на сите оние кои ги сакавте, а не ве сакаа. Луѓето за кои дадовте сè од себе, оние со кои бевте во врска, оние кои никогаш не ви дадоа шанса и оние кои ги сакавте од далеку. Збогувајте се и со оние кои не сакаа иднина со вас.

Кажете им збогум на сите оние кои можат да живеат без вас. Оние кои ви покажаа дека не сте доволно вредни за да бидете во нивниот живот и кои не направија напор да ви дадат внимание, љубов и посветеност. Оние кои ви судеа поради тоа што сте.

Наместо тоа, кажете им добредојде на луѓето кои ве избираат денес и секој ден. Оние кои гледаат иднина со вас и оние кои ќе направат сè за да не ве изгубат. Луѓето кои ви го земаат стравот, кои повторуваат дека сте совршени и кои се секогаш тука за вас. Бидете среќни благословени со овие луѓе. Тие се оние кои ќе трчаат за вас, кон вас и кои ќе отидат до крајот на светот поради вас.

Кажете им збогум на пријателите кои се однесуваа како да не сте достојни за нивното дружење. Оние кои не се љубезни кон вас, кои ви судат и кои се љубоморни. Оние кои се обидуваа да ја злоупотребат вашата добрина и кои ви велеа дека немате потенцијал. Тие се луѓето кои никогаш нема да се сменат. Тие не се луѓе кои еден ден ќе станат наутро и ќе решат да бидат подобри кон вас. Кажете им збогум на оние пријатели кои не беа тука за вас кога ви беа потребни. Оние кои не ги славеа вашите успеси и постигнувања. Оние кои секогаш беа презафатени за да се видат со вас. Оние кои забораваа на вас.

Кажете им збогум на луѓето кои  ве земаа „здраво за готово“. Кажете им збогум на оние кои ја злоупотребуваа вашата доверба. Оние кои избираа други луѓе, враќајќи се кај вас кога немаа никој.

Наместо сите овие луѓе, изберете некои со кои ќе зборувате долго, со кои ќе поминете квалитетно време. Луѓе кои ќе направат да се чувствувате сакани. Оние кои иницираат и одговараат на вашите покани за дружење, оние на кои им недостигате кога ве нема.

Збогум на луѓето кои прават да се чувствувате мртви, добредојде за луѓето кои прават да го сакате животот.