Кажете им НЕ на овие 7 производи

Сте се запрашале ли некогаш зошто токсиколозите не јадат пуканки приготвени во микробранова печка? Или зошто фармерот не јаде неоргански одгледан компир или зошто рибарот никогаш не препорачува риба одгледана во базен, односно рибник? Еве ги одговорите на овие прашања.

Домати во конзерва

Ендокринолозите велат дека овие домати содржат една супстанција со која се обложува лименката. Станува збор за бисфенол-А, синтетички естроген кој се поврзува со многу болести. Киселоста, која е карактеристика на доматите, е всушност резултат на бисфенолот — А.

Месо од говеда хранети со пченка

Фармерите секогаш одбиваат месо од говеда хранети со пченка. Тие сметаат дека природна храна на говедата е тревата, а не житото. А, повеќето фармери ја користат пченката за да предизвикаат побрзо товење на животното.

Пуканки од микробранова печка

Експертите по токсикологија сметаат дека пуканките приготвени во микро-печка ги содржат и токсините од пакувањето на пченката. Освен неплодност, тие може да предизвикаат и рак на црниот дроб, тестиси и панкреас.

Неоргански произведен компир

Фармерите кои произведуваат комири велат дека никогаш не би пробале неоргански произведен компир. Тоа е поради фактот што коренестиот зеленучук ги апсорбира пестицидите, хербицидите и фунгицидите кои се наоѓаат во земјата по третирањето со хемикалии.

Риби кои се одгледуваат во базени

Според рибарите, таквата риба има многу помалку витамин Д во себе, а може да содржи и канцерогени состојки. Покрај тоа, постои оправдан сомнеж дека тие риби се третираат со антибиотици.

Млеко од крави третирани со вештачки хормони

Луѓето кои се дел од движењата за здрава храна, никогаш не пијат млеко од крави третирани со вештачки хормони. Имено, некои производители на своите крави им даваат говедски хормони, со цел да ја зголемат количината на млеко. Некои од тие хормони знаат да предизвикаат инфекција на вимето, па дури и гној во млекото.

Јаболка третирани со пестициди

Агрономите не препорачуваат јаболка третирани со пестициди, особено по направени истражувања за поврзаноста на работниците кои третираат плодови со пестициди и бројот на заболени работници од рак. Најмногу заболени има токму помеѓу оние кои третираат јаболка со пестициди.