Кажете и „да“ на среќата во септември

Летото полека привршува и ни доаѓа есента, која е многу поинаква -  сончева, дождлива, посмирена. Поминуваме повеќе време внатре, ги користиме последните зраци од сонцето, се подготвуваме за зимата.

Септември е месец во кој ги менуваме своите навики. Но, може да биде и месец кога ќе си донесеме среќа во своите животи. Без оглед на целите кои си ги имаме зацртано за оваа година и големите нешта кои ги посакуваме, можеме да вметнеме мали навики кои ќе направат да се чувствуваме подобро расположени и посреќни.

Многу луѓе, најчесто несвесно очекуваат лоши исходи и се грижат за работи кои никогаш не се случуваат. Уште поголем број се посветени на своите секојдневни обврски и навики и не размислуваат на тоа да направат некаква промена која може да биде најмала но која сигурно би ја променила нивната рутина и би ги направила посреќни. Зошто не си дадеме шанса за тоа?

Не морате да очекувате добри работи од универзумот, од светот  и од другите околу вас. За некои работи можете и самите да се потрудите.

Животот е онаков каков што ќе го креираме, нели? Кога заборавивме на тоа. Среќата е избор, а ако самите не го направиме тој избор, никој нема да го направи за нас.

Да почнеме со мали чекори.