Кажете ДА за уште летен одмор на планина!

Одморот на планина е добра препорака за секој период од годината, но во текот на летото посетата на планина може да биде одлична идеја за совршено бегство од градските гужви и топлото време. Планините во Србија даваат мир, свеж воздух, многу зеленилото и природна свежина.

Сите знаеме дека Златибор е најпосетена планина во Србија која може да се пофали со бројни атрактивни и забавни содржини, но и со неприкосновената природна убавина и опкружување. Помеѓу бројните хотелски сместувања, кои ја збогатуваат планината, Мона Плаза Златибор се издвојува како права оаза за уживање. Хотелот нуди совршена комбинација домашно гостопримство и удобност, така што секоја година за време на својот престој се чувствува како дома.

Како и секоја година, хотелот Мона Плаза Златибор за гостите подготви посебен летен пакет со цени, веќе од 127 евра по лице, за престој од минимум 4 дена во период од 21.06 до 21.07. Овој пакет е идеален за целата фамилија, бидејќи децата до 10 години престојуваат бесплатно, додека другите хотелски содржини, како користење базен, теретана, сауна и детската игротека се бесплатни.

Во склоп на летната акција, Мона Плаза Златибор за своите гости обезбедува и бесплатно возење со „Златната Гондола“ -  најмодерната воздушна линија која ги поврзува центарот на Златибор со ски центарот Торник, преку Рибарското Езеро. Возењето е во должина од 9 километри и претставува единствено доживување за неповторливиот, летен Златибор.

Освен добро познатиот комфор и удобните соби, еден од адутите на златиборската Мона е врвниот спа центар, „Инспирум“ – место за сите кои сакаат опуштање и релаксација. По денот поминат во природата на Златибор, спа центарот е идеално место за ревитализација на духот и телото. Различните третмани и содржини, како што се масажа и пилинг во сауна, нудат комфор и придонесуваат одморот да биде комплетен.

Одморот е и време кога не ги броиме калориите и кога сите се препуштаме на гастрономските уживања, а ресторанот „Перун“ во склоп на хотелот го нуди всушност тоа. Раскошната понуда од балкански специјалитети, подготвени од свежи локални состојки се сигурен рецепт за автентично искуство.

За најмладите гости тука е омилената „Моница“ игротека која е одлично опремена со доста интересни содржини за најмладите. Професионалните аниматори во текот на целото време се со дечињата, додека родителите може да уживаат во барот кој го само стакло го дели со игротеката.

Сите оние кои сакаат малку активен одмор, Златибор нуди многу можности за истражување на околината. Пешачење по прочуената патека на здравјето, возење велосипед или сквад, истражување и обиколка на езерото се само некои од содржините кои оваа планина ја прават посебна.

Вдишете длабоко и препуштете се на убавините на Златибор додека уживате во близината со семејството и пријателите. Хотел Мона Плаза е местото каде моментите на нежност и насмевки стануваат незаборавни, а меѓусебните врски се зајакнуваат. Поминете дел од ова лето, токму на ова место и креирајте спомени кои траат засекогаш.