Кавадарчанец заврши во притвор, го фатиле како вози со 2,16 промили алкохол во крвта

Денес после полноќ во 00.10 часот, полицијата го лишила од слобода 38-годишниот Д.С. од Кавараци. Тој на улицата „Страшо Пинџур“ во Кавадарци, со патничко возило „бмв“ со кавадаречки регистарски ознаки не застанал на знак за запирање, но по преземени мерки, бил запрен од страна на полициските службеници, а од извршените проверки било констатирано дека го управувал возилото со 2,16 промили алкохол во крвта.

„Д.С. бил задржан во полициска станица, а возилото било привремено одземено. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297 А од Кривичниот законик – „безобзирно управување со моторно возило“, информираат од МВР.