Кавадарчанец возел „ѓон“ пијан, иако имал активна забрана, а му била пронајдена и дрога во автомобилот

Синоќа 23:50 часот на улицата „Цветан Димов“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода М.Д.(21) од Кавадарци и Љ.С.(23) од Росоман.

Како што се наведува во полицискиот билтен, при контрола во патничко возило „фолксваген поло“ со кавадаречки регистарски ознаки, кое го управувал М.Д., а во кое бил и Љ.С., полициските службеници констатирале дека М.Д. го управувал возилото за време на активна забрана и под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,11 промили алкохол во крвта.

Исто така, при преглед во возилото била пронајдена и одземена бела грутчеста материја.

Тие биле приведени во полициска станица, возилото било одземено и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.