Вчера во 18:05 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека на регионалниот пат Кавадарци- Дреново, патничко возило „фиат стило“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од 54-годишниот Б.И. од село Возарци, кавадаречко излетало од патот.
Повредени лица нема, а увид извршила екипа од ОВР Кавадарци при што било констатирано дека Б.И. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,60 промили алкохол во крвта.
„Тој е лишен од слобода и задржан во полициска станица. Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена пријава по член 297а - „безобѕирно управување со моторно возило“ од Кривичниот законик, информираат од МВР.