Кавадарчанец пријавил во полиција дека некој друг земал кредит во негово име

Кавадарчанец пријавил во полиција дека некој друг земал кредит во негово име, информираше денеска портпаролот на СВР Велес Ристе Самарџиев.

– Вчера во 10.00 часот во Полициската станица во Кавадарци, кавадарчанецот Р.Л.(44) пријавил дека на 25 јануари добил телефонски повик од финансиско друштво дека има рата за плаќање кредит.

Според пријавеното, тој не аплицирал за кредит во финансиско друштво, по што сфатил дека неговите лични податоци биле злоупотребени, појасни Самарџиев. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.