Кавадарчанец кај нотар приложил фалц свидетелство - сакал документот да го даде во авто школа за да може да полага за возачка

ОВР Кавадарци до Основното јавно обвинителство Кавадарци поднело кривична пријава против Ѓ.К.(27) од Кавадарци, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „фалсификување исправа“.

Како што се наведува во полицискиот билтен, на 04.06.2026, тој во нотарска канцеларија во Кавадарци приложил за заверка фалсификувано свидетелство за завршено основно образование во основно училиште во Скопје.

Според наведеното, 27-годишниот Ѓ.К. имал намера документот потоа да го приложи во авто школа за полагање возачки испит.