Кавадарчанец и кичевец возеле „камен пијани“, па полицијата ги уапсила - еве колку „дувнале“

Лишени од слобода кавадарчанец и кичевец затоа што управувале возила под дејство на алкохол.

Како што информираат од МВР, вчера (07.09.2025) во 03:44 часот на булевар „Октомвриска револуција" во Куманово од страна на полициски службеници од СВР Куманово од слобода е лишен Б.М. (25) од Кавадарци, за кој при извршени проверки е утврдено дека под дејство на алкохол управувал патничко моторно возило „пасат", односно му биле констатирани 1,65 промили алкохол во крвта.

Ноќеска (08.09.2025) во 00:47 часот полициски службеници од ОВР Кичево од слобода го лишија Д.К.(42) од Кичево. При контрола во патниот сообраќај, извршена на улицата „Борис Кидрич“ во Кичево, полициските службеници сопреле патничко возило „ауди“ со кичевски регистарски ознаки што Д.К. го управувал и било констатирано дека има 1,95 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“, информираат од МВР.