
Полициски службеници привеле кавадарчанец откако со својот автомобил удрил во полициски возило откако бил направен обид да биде легитимиран.
„Вчера во 13.25 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода А.С.(33) од овој град, затоа што при обид да биде легитимиран, А.С., кој бил во паркирано патничко возило „опел“ со кавадаречки регистарски ознаки, го стартувал возилото и со него удрил во полициско службено возило“, информираа од од СВР Велес.
По документирање на случајот, против А.С. ќе била поднесена соодветна пријава.