Критики на сметка на хигиената во катните гаражи во Скопје! Твитерџија го сподели својот впечаток, а многумина се согласија дека токму катните гаражи се лош впечаток и одраз на некултура во главниот град.
Непријатна миризба од отпадоци и измет, остатоци од храна, шишиња и лименки, отпушоци, искористени хигиенски производи и други видови на смет, како и натписи „Лифтот не работи“.
- Катниве гаражи у Скопје се претворени у јавни ВЦ-иња. Смрдеа на измет и мочка насекаде. Лифтови не работат, скали валкани, смет насекаде. Вакво нешто нема никаде у свет! НИКАДЕ! А паркинг од 70ден час па нагоре.
Одлична слика за нас.
Замислете некој оди со кола во странство и паркира во некоја јавна гаража. Тоа му е можеби првиот допир со таа култура и доаѓа во Скопје. https://t.co/fpqKAf15X2— Anton Chigurh (@fablesthe3rd) January 23, 2025