Катимерини: Нови пасоши до крај на годината, за 6 месеци да се отстрани Сонцето од Вергина

Таблите на граничните премини и веб-страниците на владините институции треба да се сменат со новото име во рок од 3 дена, додека за 7 дена треба да се сменат официјалните меморандуми на министерствата, пишува грчкиот весник „Катимерини“.

Според „Катимерини“, имаме 3 месеци да се сменат натписите на дипломатско конзуларни претставниства во странство. За 4 месеци да почнат да се менуваат регистарски таблици каде што наместо МК ќе стои НМК, а за оние кои што сакаат во меѓувреме МВР да им обезбеди налепници со НМК.

До крајот на годината да почнат да се менуваат пасошите, а во меѓувреме МВР да става печати со име Северна Македонија. Промената на банкнотите да почне 2020 и да заврши за 5 години од отворањето на преговорите со ЕУ од тоа поглавие. За 2 месеца да се сменат сите табли на патиштата во земјата. За 6 месеци да се одредат и да се напише кои споменици го покажуваат грчкото културно наследство. За 6 месеци да се отстранат сите симболи со сонцето од Вергина.