Катица заработи прекршочна, се соблекла по долна облека

Поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева заработила прекршочна пријава откако денеска на состанок во Државниот завод за ревизија почнала да се однесува дрско и непристојно, а во еден момент ја соблекла својата облека, дознава Прес 24.

Според пријавата во Министерството за внатрешни работи, Јанева останала да присуствува во салата по долна облека во присуство на повеќе лица.

На полицајците Јанева прво им кажала дека и е доста од се и почнала да се соблекува. Потоа била повикана итна помош и и е дадена инекција за смирување, а таа е префрлена во станот каде ја издржува мерката домашен притвор.

Поради инцидентот е прекинат увидот во наодите на ревизијата за работењето на СЈО, а Јанева е единствен овластен претставник на специјалното обвинителство.

Претходно, таа од нејзиниот дом била спроведена во Државниот завод за ревизија, каде требало да се оджи официјален состанок со претставници на заводот.