Катица во лоша здравствена состојба и на антидепресиви

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која од пред два дена е во притвор во затворот „Скопје“ кој се наоѓа во Шутка е во лоша здравствена состојба, дознава „Скопје1.мк“.

Според извори на порталот Јанева била во лоша здравствена состојба уште пред да замине во истражниот затвор. Таа во континуитет прима антидепресиви за смирување, а има и проблеми со крвниот притисок. Во „Шутка“, пишува во текстот на Скопје1.мк, била на преглед и кај затворскиот лекар.