Катица Јанева се враќа во Идризово, била фатена дека не оди на работа кај нејзиниот син

Поранешнатaта Специјална обвинителка Катица Јанева веќе нема да може да го користи правото на т.н делумна слобода пренесува „Република“. Причините се дека таа била фатена дека не оди на работа во адвокатската канцеларија на нејзиниот син Лазар Јанев.

Службени лица од Управата за извршување на санкции по добиени информации извршиле увид во канцеларијата и затекнале дека таа е затворена односно нема никој. Јанева веднаш била вратена во затворот во Идризово.

„Јанева била должна да се пријави ако не е таму. Направен е записник и веќе нема да може да користи делумна слобода. Таа има право повторно да побара но со оглед дека веќе направила прекршок нема да и биде дозволено“ потврдува за „Република“ директорот на Управата Александар Пандов.

Катица Јанева доби 7 години затвор за злоупотреба на службената положба во случајот „Рекет“.