Катастрофална е ситуацијата на клиниката за Онкологија. Вчера во јавноста излезе информација дека нема биолошка терапија за пациентите кои се лекуваат таму, за подоцна да се појава и нова информација која укажува на дека клиниката се соочува со сериозен недостаток од медициски персонал. Сите пациенти од Македонија се лекуваат на оваа клиника но тие се третираат со минимален број на медицински сестри и технички персонал.
Пациентката Тања Цвијановиќ на нејзиниот Фејсбук профил сподели дека ситуацијата е катастрофална со затворени простории и преоптоварен персонал.
„Страшно…Здравството ни е уништенo. На Онкологија цела Македонија персонал нема во дневната болница, персоналот со сите сили пробува да ги опслужи сите пациенти. Викаа не чинело порано сега пак е уште полошо. Сите си одат од онкологија а тие што се останати неколкумина во дневна се вистински ХЕРОИ, напиша таа.