Каснати од улични кучиња вчера имало во Аеродром, Гази Баба и Шутка

Три лица од Скопје во текот на вчерашниот ден пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици низ градот.

Вчера во 09.50 часот во Полициската станица Аеродром, 70-годишниот А.Г. од Скопје пријавил дека на бул.„Јане Сандански“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

Вчера во 15.15 часот во Полициската станица Гази Баба, 67-годишниот П.К. од Скопје пријавил дека на ул.„Благоја Стефковски“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

Во текот на вчерашниот ден, во Полициската станица Шуто Оризари, 38-годишниот М.Р. од Скопје пријавил дека на ул.„Брсјачка Буна“ во Скопје бил каснат од куче скитник.