Македонците и натаму реагираат за, како што велат, лудилото низ маркетите. По реакциите за цените на млеко, на удар е кашкавалот.
Откако на социјалните мрежи се појавија фотографии од шок цени за парче или килограм кашкавал, следуваа бурни реакции. Се разбира, ние сме први и во хумор, без оглед на тешка економска ситуација, па така кашкавалот наместо на трпезите, главен на социјалните мрежи за „хејтање“.
Еве ги најдосетливите коментари на темава:
-1.305 денари за кашкавал. Луда работа, ама од друга страна ми помогна во дилемата што да поклонам на блиски луѓа за матурска, дипломска, свадба, крштевка или што поклон да им купам за Нова Година.
-Во градот убав моментално има 2 вида граѓани, оние кои возат ренџ ровери од 120 иљади евра, и оние кои јадат вуди виршли и паштета пошто кашкавалот постана луксуз.
-Времето вели “напрај руска”, новчаникот вели “со овие цени само варен грашок од руска годинава”.
Клошари, Галичкиот кашкавал е со години над 1200 ден по килограм.Трничкото бачило го продава својот кашкавал 1500 ден по кило на пита од 6 кг
Тоа што сте научени да јадете кашкавал од Радово направен од малку млеко и прашок за 300 ден кило е друга работа.— Дете Лошо (@DeteLoso) September 23, 2022
Австрија плата просек 1700евра
Македонија плата просек 500евра кашкавал X2
НОРМАЛНИ СМЕ ШТО СЕДИМЕ ДОМА И ЗОШТО НЕ? pic.twitter.com/zndz3me6kN— FidelKastro (@FidelKastro07) September 23, 2022
Македонија 2023:
Добар ден. За што сте дојдени?
- Да аплицирам за потрошувачки кредит.
Што ќе купувате?
-Кашкавал.
Извинете. За кашкавал ги дадовме сите потрошувачки кредити.— Кашлица (@kashlicataa) September 22, 2022