Кашкавалот „главен“ на социјалните мрежи наместо на трпезите

Македонците и натаму реагираат за, како што велат, лудилото низ маркетите. По реакциите за цените на млеко, на удар е кашкавалот. 

Откако на социјалните мрежи се појавија фотографии од шок цени за парче или килограм кашкавал, следуваа бурни реакции. Се разбира, ние сме први и во хумор, без оглед на тешка економска ситуација, па така кашкавалот наместо на трпезите, главен на социјалните мрежи за „хејтање“. 

Еве ги најдосетливите коментари на темава: 

-1.305 денари за кашкавал. Луда работа, ама од друга страна ми помогна во дилемата што да поклонам на блиски луѓа за матурска, дипломска, свадба, крштевка или што поклон да им купам за Нова Година. 

-Во градот убав моментално има 2 вида граѓани, оние кои возат ренџ ровери од 120 иљади евра, и оние кои јадат вуди виршли и паштета пошто кашкавалот постана луксуз. 

-Времето вели “напрај руска”, новчаникот вели “со овие цени само варен грашок од руска годинава”.