Картони, пластика, импровизирани живеалишта во Урбан Парк во Центар (фото)

Урбан Парк стана дива ромска населба. Паркот кој се наоѓа на улица „Јордан Мијалков”, спроти Геолошкиот завод и е на оддалеченост од стотина метри од плоштадот, е целосно уништен.

Граѓаните се револтирани бидејќи им е уништен најблискиот парк во кој порано ги носеа и своите деца.

-Ѓубре, пластика, вреќи насекаде во пракот се расфрлани, тука го носев својот 4 годишен внук, но местово од пред неколку месеци стана дива населба, вели Бранко.

Просторот на паркот е населен од бездомници иако општината најавуваше уште пред месец и половина дека ќе ги дислоцира, се уште ништо не е направено, туку напротив, освен бездомниците граѓаните на Центар добија и овци.

– Не сакавме во зима да пристапиме кон отстранување на овие монтажни, картонски живеалишта, но наскоро ќе почнеме, бидејќи имаме многу поплаки од жителите. Се разбира, во соработка со другите институции ќе им најдеме живеалиште на овие лица, рече Богдановиќ пред месец и половина, ама ефект нема никаков.

Граѓаните веќе започнаа интернет-петиција за спас на Урбан Парк.