Карта на „Голема Албанија“ и националистички пораки на простестот за Диво Насеље

Со албански знамиња, транспаренти и националистички песни се одржа протестот на кои се бараше правда за осудените лица за терористичкиот акт во Диво Насеље пред четири години.

Групата организирана од Здружението на албански политички затвореници во Македнија преку транспарентите испишани на албански јазик порача „Во овие лоши времиња, протестот е најубавата вредност“, „Сме и ќе бидеме секогаш заедно, УЧК“, „Стоп за селективната правда“, „Слобода за Арсим Бајрами“, „Слава им на мачениците на нацијата“, „Секој протест е еден чекор до мојата слобода, а за твојата судбина ќе одлучиш ти“. Присутните носеа и фотографии од осудените за терористичкиот акт во Диво Насеље.

На протестот се бараше правично судење на лицата инволвирани во случајот, а испратија порака и до судиите да ги имаат во предвид доказите кои во досегашните постапки биле отфрлени.

Air Max 90 LTHR Suede