Карпош со еко-акција: Утре чистење од „Бледски договор“ до „Манапо“

Општина Карпош утре (среда) продолжува со големата еколошка акција за почисто и позелено Скопје, со повик до граѓаните активно да се вклучат во уредувањето на јавните површини.

Акцијата ќе започне во 11 часот, а собирното место е пред зградата на Општина Карпош. Ќе се чисти потегот од улицата „Бледски договор“ до улицата „Манапо“.

Од Општината ги повикуваат граѓаните да покажат лична одговорност и со заеднички ангажман да придонесат за поздрава животна средина.

„Не оставај ѓубре. Остави пример. Заедно за чист Карпош и чисто Скопје!“, порачуваат од Општина Карпош.