Карпош се пофали со лед осветлување, граѓаните иронични: 3 нови сијалици во општина со 10 милиони евра годишен буџет

Општина Карпош на својот официјален фејсбук профил се пофали дека е поставено ново улично осветлување на улицата Козле 3 со нови лед штедливи светилки. Но, се чини, оваа вест наиде на потсмев кај скопјани. 

- 3 нови сијалици во општина со 10 милиони евра годишен буџет е навистина врвно достигнување, секоја чест и продолжете вака упорно и храбро само напред и напред, гласи еден ироничен коментар на веста. 

- Браво за нашата општина. Улично осветлување се става кај што нема ни една куча, а кај што има куќи и деца се враќаат од училиште на темно и по кал, за тука нема време да се работи, коментира еден карпошанец.