Карпош продава над 40.000 квадрати државно земјиште кај касарната „Илинден“

На вчерашната седница на Општина Карпош беше изгласана одлуката за отуѓување на државно земјиште со површина од над 40.000 метри квадратни кај касарната „Илинден“, пренесе „СДК.мк“.

На јавна лицитација ќе се продаваат 11 градежни парцели на кои потоа ќе може да се градат згради. Исто така, на просторот треба да се изгради ново училиште, но и објекти за потребите на Министерството за одбрана.

За одлуката гласаа осум советници од СДСМ, двајца од ГРОМ; еден од Демократска партија и еден од ВМРО-ДПМНЕ, кој ја напушти советничката група. Додека против неа гласаа четири советници од Левица, како и двајца од „Независни за Карпош“, а пет советници од ВМРО-ДПМНЕ беа воздржани.