Карпош и Сопиште со часови ќе немаат струја, без вода ќе остане една скопска населба

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска (четврток) без електрична енергија ќе останат:

– во периодот од 08.30 до 14.00 часот, дел од корисниците од ул. Осло (општина Карпош)

– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Бриселска и Копенхагенска (општина Карпош), како и корисниците од ул. 4 во Горно Соње (општина Сопиште).

Од ЈП Водовод и канализација известуваат дека поради уличен дефект ф- 2“ на Кеј 13-ти Ноември 60, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населба Маџир Маало.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.