Карпош ги повикува граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетот

Општина Карпош овозможи нов начин за вклучување на граѓаните и граѓанските организации во креирање на Буџетот за 2019 година.

„Ги повикуваме сите карпошани, да го пополнат формуларот во електронска форма и да го посочат предлогот или решението за своето маало или населба (https://goo.gl/qHNsHD)“, велат од општината.

Целта на локалната самоуправа, како што се додава, е да создаде реален и одржлив Буџет, при што ќе се стави акцент на рамномерен развој на сите урбани заедници.

Во претстојниот период, градоначалникот Стефан Богоев заедно со општинското раководство најавуваат повеќе теренски средби со граѓани, во пресрет на донесувањето на новиот Буџет.