
Од ЕВН Македонија АД известуват дека денеска без електрична енергија ќе останат делови од општините Карпош, Гази Баба, Студеничани и Петровец.
- Во периодот од 08:30 до 11:30 часот, без електрична енергија ќе остнат корисниците од РТВ Предавател Водно, кула АЕК Водно, село Горно Нерези, Етно село-Нерези, Предавател Космофон, објект Даре Џамбаз-Водно, објект на Поштенски дом-Водно и, село Горни Крушопек.
- Во период од 09:00 до14:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците на дел од улица Иван Аговски и улица Никола Тесла.
- Во период од 08:30 до 16:00 часот без електрична енергија ќе остнат корисниците на дел од село Морани и викенд населбата Морани
- Во период од 09:00 до 14:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од улица 10 село Ржаничино.
- Во период од 11:00 до 14:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците на дел од улица 13 и 14 во село Ржаничино.
- Во период од 09:00 до 14:30 часот без електрична енергија ќе останат корисниците на дел од село Мирковци.