Карпош доби средства за промена на системот на греење на детската градинка „Пролет“, во Влае

Општина Карпош доби средства за промена на системот на греење на детската градинка „Пролет“, во Влае.

Целосно ќе се замени постоечкиот систем на греење со нафта. Стариот и неефикасен котел на нафта како значителен загадувач ке биде заменет со систем од обновливи извори на енергија – термални пумпи (воздух/вода).

Локалната самоуправа аплицираше на Јавниот повик за реализација на Програмата за намалување на аерозагадување за 2019 година, објавен од Владата на Република Северна Македонија, при што врз основа на подготвениот проект се одобрија средства во износ од55.000 евра.

На овој начин, ќе се придонесе кон заштита на животната средина, намалување на аерозагадувањето и  значителна заштеда на средства за потрошувачка на топлинска енергија.

Локалната самоуправа продолжува со секојдневните активности за справување со аерозагадувањето, како еден од најгорливите проблеми, не само во нашата Општина туку на територија на целата држава.