
Општина Карпош денеска ќе се приклучи на големата еколошка акција за чистење на Скопје, која ќе се спроведува во сите скопски општини.
Акцијата, на иницијатива на Град Скопје, ќе започне во 10 часот и ќе трае до 14 часот. Во неа, покрај надлежните служби, ќе учествуваат дел од општинската администрација, граѓани и јавни личности.
Од Општина Карпош ги повикуваат заинтересираните граѓани да се приклучат на акцијата. Собирното место е пред зградата на Општина Карпош во 10 часот, од каде учесниците ќе продолжат со чистење во реонот околу ТЦ Лептокарија.
За волонтерите ќе бидат обезбедени вреќи за отпад и заштитни ракавици.
Целта на акцијата е да се исчистат јавните површини и да се поттикне поголема грижа за чистотата и животната средина.
Од Град Скопје најавија дека вакви акции ќе се организираат редовно, двапати месечно.