
Без електрична енергија денес ќе останат корисниците од три улици во Карпош.
Во периодот од 08.15 до 13.30 часот, без струја ќе бидат корисниците од улиците Иван Цанкар – парни броеви, Франц Прешерн – непарни броеви и Вангел Дину (општина Карпош ), информира ЦУК по известување добиено од ЕВН.
Од ЈП Водовод и Канализација информираат дека денеска имаат планирани два зафати во водоводната мрежа и тоа:
- поради уличен дефект ф-80 мм на крстосницата Тајмишка/ Зеничка во населбата Железара, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истите улици. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот (општина Гази Баба)
- поради менување на вентил во шахта на ул.Пиринска 52, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности (општина Центар).