Каролина со велосипед низ скопските улици: Погледнете го спотот за песната „Бели цветови“ (видео)

Каролина Гочева го објави спотот за песната „Бели цветови“, која е дел од нејзиниот најнов албум „Извор“.

„Драги мои, со задоволство ви го претставувам видеозаписот за највеселата песна од албумот, 'Бели цветови'. Се надевам дека нашава убава приказна дополнително ќе ви ги разубави овие последни сончеви денови. Уживајте!“ - напиша таа на Facebook.

Видеозаписот 38-годишната пејачка го снимаше пред два месеци. Погледнете го: