Каролина се прости од музичката легенда: За Аки, кој никогаш од ништо не се плашеше

Колегите, но и јавните личности од целиот Балкан викендов се простуваат со музичката легенда Аки Рахимовски кој почина на 67-годишна возраст во Словенија.

Нашата пејачка Каролина Гочева која беше добра пријателка со Аки, од него се збогуваше на Инстаграм, каде објави видео од нивен заеднички настап од пред неколку години, а во коментар напиша неколку емотивни зборови…

„Тргни и полетај, без страв… all you need is love. За Аки, кој никогаш не застана и никогаш од ништо не се плашеше“, напиша Каролина.