Познатата балканска ѕвезда Јелена Карлеуша на својот официјален инстаграм профил сподели фотографии од концертот кој изминатиот викенд се одржа во Скопје.
Токму тој концерт предизвика лава од реакции - од квалитетот на нејзините вокални способности и сценски аутфити, до етикетирање на публиката која ја сака, слуша и оди на нејзините настапи.
Несомнено, она што многу беше дискутирано од сабота наваму е македонското знаме кое го развеја Карлеуша додека ја пееше „Бисер балкански“.
Прв на социјалните мрежи за концертот и честиташе Бојан Јовановски познат како Боки 13.
- Концерт и ѕвеза од светски ранг. Направи шоу какво што не сме виделе, искоментира Боки.
Еве дел од реакциите на социјалните мрежи: