Карл Јунг: За да шириме радост, најпрво нашето срце треба да биде радосно

Познатиот психијатар Карл Густав Јунг во своите книги пишувал за расипаните луѓе и тврдел дека тие не можат да бидат добри. 

Вака пишувал Јунг:

„Има луѓе кои мислат дека ширењето позитивна енергија може да се научи, дека постојат фрази, зборови или реченици кои самите по себе создаваат позитивна енергија.

Не е така.

Енергијата, позитивната или негативната, се наоѓа во човекот. 

Од човекот не може да излезе нешто што тој не го носи во себе. За да шириме мир, мора прво да се наполниме со мир. За да шириме радост, најпрво нашето срце треба да биде радосно.

Во спротивно и најголемите утешни зборови ќе звучат како напад од устата на незадоволниот човек.“