Карл Јунг: Најголемиот товар на детските рамења е неизживеаниот живот на родителите

Карл Јунг е популарен психолог, познат како еден од основачите на аналитичката психологија.

Тој  е роден во богато швајцарско семесјтво, а студирал медицина во Базел каде се определил за специјализација на полето на психијатријатата. Неговиот татко бил свештеник, а мајката му ги обезбедила првите проучувања на душевните проблеми.

Ова се некои од неговите најпознати реченици.

Не го задржувајте она што си оди од вас. На тој начин, нема да дојде она што доаѓа кон вас.

Најтешкиот товар кој лежи на детските рамена е неизживеаниот живот на неговите родители.

Нашата визија станува јасна кога ќе погледнеме во нашето срце. Оној кој гледа надвор, ги гледа само соништата, а оној кој погледнува внатре, се буди и делува.

Осаменоста не се отсликува преку отсуството на луѓе околу нас, туку неможноста за разговор со оние кои ни се драги и неможноста да бидеме разбрани.

Депресијата е како дама во црно, ако дошла кај вас, не ја бркајте. Поканете ја како гостин и пробајте да разберете што има да ви каже.

Вашиот поглед ќе стане јасен само тогаш кога ќе успеете да погледнете во својата душа.

Јас -  не сум она што ми се случило, туку она што сум одлучил да бидам.

Здравиот човек не ги мачи другите. Оние кои се мачени по правило стануваат мачители.