Кардамом – најздравиот зачин на светот

Кардамомот е многу моќен зачин кој го чува нашето здравје.

Photo by Jaspreet Kalsi on Unsplash

Тој спаѓа во семејството на ѓумбирот, а ни пристигнува од Индија каде се користи со векови. Во нивната кујна, тој често се меша со кари, чај, па дури и месо, а одлично одговара и со солени и слатки јадења.

Освен тоа, кардамомот е лековит и добар за нашето здравје. Содржи бројни фитонутриенти, особено манган кој помага во чување на коските. Манганот е одличен и за правилна работа на мозокот и нервниот систем. Само една лажичка од овој зачин содржи 80% од дневно препорачаната доза манган.

Тој содржи и витамин Ц, Б6, тиамин, рибофлавин и нијацин, а е богат и со калциум, цинк, магнезиум и железо. 

Придобивки за нашето здравје

Го намалува крвниот притисок и шеќерот

Се смета дека тој е добар за оние кои имаат висок крвен притисок. Причината за тоа се антиоксидантите кои тој ги содржи, а кои придонесуваат за регулирање на крвниот притисок. Освен тоа, тој има и диуретско дејство, односно го поттикнува мокрењето и исфрлувањето на вода од телото, на тој начин, намалувајќи го притисокот и нивото на шеќер во крвта.

Борец против ракот

Истражувањата покажуваат дека овој зачин е моќен во спречување на растот на клетките на ракот. 

Ги спречува воспаленијата

Кардамомот е богат со состојки кои ги намалуваат воспаленијата во нашето тело, за што повторно се заслужни антиоксидантите, но и витаминот Ц. Есенцијалното масло од кардамот успешно помага во борба против бактериите салмонела и ешерихија коли.

Ги намалува проблемите со варењето на храната

Овој зачин се препорачува за сите оние кои имаат проблеми со варењето. Се смета дека може да ја намали надуеноста, проблемите со цревата, но и да го смири повраќањето. Некои истражувања посочуваат дека овој зачин корисно придонесува за лечење на чирот во желудникот, но и во борба против бактеријата Helicobacter pylori.

Го освежува здивот и го подобрува здравјето на забите

Во многу култури, тој се користи за здравјето на устата уште одамна, а денес е докажано дека го спречува лошиот здив и проблемите со кариесот. Кај некои народи постои навика по јадењето да се испира усната шуплина со кардамом, а овој зачин е чест и кај некои гуми за џвакање.

Го подобрува здравјето на белите дробови

Состојките кои ги содржи придонесуваат за подобрување на дотокот на кислород во белите дробови и така се подобрува дишењето.